Патоказ за обезбедување квалитетен стратешки пристап и секторска отчетност

Стратешкото и оперативното планирање на една земја се заснова на способноста на „Центарот на Владата“ да размислува однапред и активно да се подготвува за очекуваното сценарио во иднина и притоа заедно со ресорните министерства и другите државни органи, да ја претворат стратешката визија во изводливи политики, програми и проекти.

Во овој труд ќе биде прикажан системот за стратешко планирање, но и на институционална рамка за создавање и имплементација, вклучувајќи финансирање, подготовка и управување со проекти, мониторинг и оценување. Имено, сите овие елементи мора да исполнуваат одредени критериуми со цел системот за стратешко планирање да биде целосен и функционален.