Kонцептот на управување со знаење и неговото споделување во институциите е основен ресурс и предуслов за градење на административни процеси базирани на знаење. Управувањето и споделувањето на знаењето се фокусира на дигитализација и систематизација на знаењата, односно нивно систематско или методолошко утврдено зачувување во вид на институционална меморија, а токму тоа во контекст на јавниот сектор се поврзува со подобрување на квалитетот на политиките, регулативата и услугите. Вистинската вредност на зачуваното знаење доаѓа до полн израз кога истото се става во функција или примена во институциите, односно кога веќе стекнатите знаења и искуства може да се користат одново и одново. Во спротивно, постои голема веројатност да се повторат грешките во нов контекст кои веќе биле надминати во претходен контекст.

Download

  • Country: North Macedonia
  • PAR Area: Public Service and Human Resource Management
  • Language: Macedonian
  • Types: Policy study/Analysis
  • Types: Center for Change Management